Пијанистот Емануеле Арчиули, еден од најоригиналните и интересните изведувачи на денешната класична музичка сцена ќе настапи во рамките на зимскиот дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“ . Концертот којшто е поддржан од Италијанската амбасада во Република Македонија на чело со Неговата екселенција, амбасадорот Карло Ромео, ќе се одржи на 18 декември, во фоајето на Македонска Опера и Балет во Скопје, со почеток во 19 часот.

Репертоарот на Арчиули е огромен, од музиката на Бах до современата музика, со силенафинитет кон композиторите од САД.

Овој исклучително талентиран и виртуозен пијанист постојано развива нови проекти и ги слединовитеидеи и иновативнитепрограми во светот на музиката.„Кружниполноќниваријации“, збир од 16 композиции кои експресивнобиленапишани за Арчиули од композитори како Крамб, Бабит, Кернис, Ржевски, Торке, Даугерти, Болком и Харбисон, неодамна го предизвикааинтересот на меѓународнитекритичари.  Варијациите, кои беаиздадени од Страдивариус на ЦД под наслов “Околу  полноќ – Омаж  на монахотТелониус“ во мај 2011 година, се прославени  од страна намеѓународната стручна критика.

Неговитебројниснимки (Чандос, Страдивариус, Иннова, Ваи, Бриџ, Вергоитн.) го вклучуваатнасловот „Врати до секаде“, со музика на КарлаБлеј, ФредХерш и ЧикКореа, комплетните дела за  пијано на Берг и Вебер, светската премиера на концертот за  пијано и оркестар на БруноМадерна, како и многуамериканска музика.

Компакт-дискот на Аричули, посветен  на ЏорџКрамббешеноминиран за Греми награда, а неговото ЦД со дела на Адамс и Ржевски ја добинаградата на италијанскитекритичари за најдобраснимка во 2006 година. Неодамна  ВАИрекордсиздаде   ДВД со  музика  од  ИвесКонкордСоната.   „Прошетка во убавина“ содве ЦД-плочитукушто издадено од Иннова,  содржимузичкикомпозиции од  американскикомпозитори како ЈЛ Адамс, Бресник, Доерти, Ган, Гарланд, Хајдон, Балард и други.

ЕмануелеАрчиулиредовнонастапува во големите концертнисали и фестивали, како што се Берлинскиотфестивал, ВиенМодерн, ЛаСкалаМилано, Биеналето на Венеција, Фестивалот за пијано во Мајами, Милербтеатарот во  Њујорк, МаџоМузикалеФиорентино, Фестивалот на камерна музика СантаФе, како и на Меѓународнитефестивали за пијано  во Бреша и Бергамо.

Во мај 2011 година ЕмануелеАрчиулибешенаграден со најважната награда на италијанскатакритика  „ПремиоФранкоАббати“. Во освојувањето на оваа награда, ЕмануелеАрчиули  гиследистапките на МаурициоПолини,  РадуЛупуи ЗубинМехта. „Овој пијанист од Барибешеавторитативнафигура на повеќеслојниотхоризонт на сите нешта кои се модернивеќе со години, додека истовремено се зачувуваповрзаноста со традицијата“, изјави стручното жири.

Арчиули предавасовремена музика на Академија диПинероло,  професор е на конзерваториумот во Бари, аисто така е чест визитинг-професор на многуамериканскиуниверзитети.

Неговиот концерт во Скопје, како што велат од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“ е дел од зимската понуда за љубителите на класичната музика, а тенденцијата е, светски познати уметници да ја збогатуваат културната понуда на фестивалот, не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку  и во текот на останатиот дел од годината. Во рамките на фестивалот „Охридско лето“ , претходниот месец, во црквата „Света Софија“ се одржа концерт на исклучително талентираните млади руски музичари, пијанистот Александар Синчук и флејтистот Артем Науменко.