Утре, охридската публика, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има можност да ја проследи претставата „Ноќите во бел сатен“ во изведба на Театар Џинот од Велес, работена според текст на Братислав Димитров, а во режија на Ненад Витанов. Како што вели авторот Димитров, „Ноќите во бел сатен“ е пиеса за осаменоста и паничната потреба од љубов.

Оваа соработка со театарот од Велес ја договаравме подолго време, бидејќи сакавме претставата која постигна голем успех и оствари бројни гостувања низ земјава, да ја проследат и охриѓани. Претставата, во која играат познати актери, ќе биде едно освежување за нашата публика пред празниците и се надевам на добар одзив кај публиката, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.

Улогите во претставата ги толкуваат: Јордан Витанов, Зоран Љутков, Васил Зафирчев, Маја Љутков.

Почеток на претставата е во 19.30 часот.

Т.К.