За водечкиот погодок на Милан кумуваше дискутабилна одлука на шкотскиот арбитар Крег Томсон. Одбиената топката од Пујол, в рака го погоди Констант, Боатенг ја искористи конфузната состојба и стрелаше прецизно за 1-0. Но, дефанзивецот на Барселона, Пике напомена дека вината за поразот е во редовите на својата екипа, а не во судијата или некој друг фактор.

– Винатата за поразот е само наша. Секој може да погреши. Се надевам дека судијата ќе ја признае грешката, иако тоа нема да го смени конечниот исход. Ништо не е загубено ние сме Барселона и секоја екипа можиме да ја победиме со два или три голови разлика – посочи Пике.

Парадоксот на релација Пике – Милан отиде до таму што новородениот син на Пике и Шакира го носи името на клубот од Милано.

Мх.П.