Ракометните надежи на ГРК Охрид во пионерска конкуренција забележаа убедлива победа над врсниците од Еурофарм Пелистер 20:10 во 18 коло од машката пионерска лига.
Со оваа победа пионерите на ГРК Охрид го потврдија првото место во регуларниот дел од сезоната и од врвот ќе стартуваат во разигрувањето за титулата.
За противник во баражот тие ќе ја имаат екипата на Тиквеш. Победникот ќе обезбеди пласман на Ф4 турнирот кој ќе го даде државниот првак.
Г.М.













