
Спортските риболовци против спортскиот риболов
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, покрај концесијата стопански риболов, распиша конкурс и за концесија за спортски и рекреативен риболов.Со еден збор одредбите се повеќе од смешни.Ќе се дозволува спортски риболов во време и на места каде нема риба. Минимум риболовни денови и минимум дневни дозволи.На спортските риболовци од јануари 2012 година ќе им се дозволи лов на пастрмка со блинкер.Но спортските риболовци бараат мораториумот за ловот на пастрмката да важи во наредните 6 години и да не дозволи никаков лов на веќе истребената пастрмка.
Поништување на концесијата за стопански риболов на Охридското Езеро.
Охридското Езеро не е рибник за да се стопанисува со неговиот рибен фонд.Поранешното такво стопанисување остави трајни последици.Охридската пастрмка и белвицата се истребени а и состојбата со крапот е алармантна се тврди во званичните извештаи на надлежните институции.Ако порано,пред 20-тина години се собирале 20 милиони икри пастрмка за вешстачки мрест, во изминатите 2-3 години се обезбедуваат одвај два милиона зрна икра што јасно зборува дека пастрмката ја нема и нема што повеќе да се ,,МОЛЗЕ,,.Сега , со распишаниот конкурс за концесија се предвидува изловување на пастрмката.Тоа значи да се сардиса и она малку риба што останала во езерото,доколку нешто преостане по сеуште масовното рибократство.
Последиците од неодговорното стопанисуванње се трајни

Непристрасно, се поставува прашањето за логиката на работите. Стручни лица , кои токму сега се согласуваат дека ендемските видови на риби како што се пастрмката и белвицата се речиси истребени, сега токму тие предлагаат повторно мрежарење во водите на езерото.Зошто, во чиј интерес ова се прави?Во интерес на санирањето на состојбите со рибниот фонд во езерото, секако не! И зошто конкурсот за концесии трае само 30 а законски рок е 90 денови?Зошто не е почитуван законот за рибарство и предложената риболовна основа не е јавно објавена, ниту за овој дукумент се водела јавна расправа? Имаат ли локалните избори врска со стопанскиот риболов ? Зошто работите се форсираат со временски теснеци и повторно , во чиј интерес? Може ли работите да добијат сосема поинаква конотација?
Охрид е туристички град, спортскиот риболов може да придонесе во развојот на туризмот, без страв дека ќе се загрози рибниот фронд.Во Европа е правило фати-врати и евентуално спомен од фатената риба е фотографијата. Колку е таа логика далечна од нашиот стопански риболов и од сеуште присутното масовно рибократство може ли конкурсот за концесии надлежната комисија да го поништи, се остави време за долгоречна стратегија за заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро.За стопански риболов се размислува кога навистина пастрмката и белвицата ќе се вратат во езерото.Но и тогаш со крајна внимателност за да не се наруши восопствената рамнотежа.
Борис Ѓорѓиоски-новинар












