Челниците на германскиот шампион Борусија Дортмунд и ова лето ќе имаат „проблеми“ со распределбата на сезонските билети.


Според информациите 98 отсто од навивачите на Борусија ги обновиле своите минатосезонски билети, што значи дека 52.000 места се веќе распродадени за натпреварите кои „милионерите“ ќе ги играат на Сигнал Идуана Парк.

Во продажба останале уште 2.000 сезонски билети, а интересот за нив е незапаметен. На листата на чекање за тие 2.000 сезонски билети се пријавиле 37.000 навивачи на Борусија.

Германскиот првак во сезоната 2012/2013 само од продажба на сезонски билети ќе заработи 20 милиони евра.

“макфакс“
Ohridnews