ВИП Арена Скопје

Од 19.10.2018 - 21:00 до 19.10.2018 - 23:00

Планетарно популарното музичко дуо „2 CELLOS“, на 19 октомври ќе одржи концерт во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје, во рамки на нивната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум “Score”.

„2 CELLOS“ за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет, најави организаторот најави „Авалон продукција“.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.

Билетите се во продажба по следниве цени и категории и истите можат да се набават и онлајн:

ПАРТЕР 990 денари
ФАН ПИТ 1.500 денари (само 1.000 влезници)
ТРИБИНИ 1.200 денари (блок 1 и 15)
SILVER SEATS 1.500 денари (блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14)
GOLDEN SEATS 1.990 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)

OhridNews