
Според Адеми, со Законот ќе се спречат негативни активности на физички лица и нарушувања во природата како последица на користење на природното богатство.
– Основната цел на Предлог законот е да се утврдат условите и начинот на уредување на планинските патеки, нивното одржување, класификација и категоризација како и други прашања значајни за нивно користење. На тој начин ќе се постигне и поголема заштита на природата и спречување на негативните последици врз биодиверзитетот преку воспоставување на правила за нивно користење ќе се создадат услови за развој и унапредување на планинарскиот туризам во Македонија – истакна министерот Адеми.
Законот за планински патеки е прв пропис во Република Македонија со кој се уредува постапувањето и управувањето со планинарските патеки, чија вкупна должина е проценета на околу 2000 километри, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
OhridNews











