Меѓународна планирачка
работилница на проектот за заштита и одржливост  на биодиверзитетот во
езерата во Дримскиот басен, ќе се одржи денеска во Охрид. Овој проект е поддржан од германската влада
преку Германската меѓународна соработка (ГИЗ), планиран е да трае до
2015 година и да опфати 4 главни компоненти.

Проектот ќе работи на мерки за заштита на Студенчишкото и другите
блатни предели во сливот на Охридското Езеро, ќе се работи на мониторинг
на флората и фауната во Преспанскиот и Скадарскиот регион, на проценката
на рибниот фонд во трите езера и на карактеризација на езерата во
Дримскиот басен согласно ЕУ директивите.

Проектот е дел од иницијативите и работата во рамките на Дримскиот
дијалог кој од македонска страна беше инициран Билатералниот
секретаријат и е прв конкретен придонес од неколкугодишната работа.
Планирачката работилница треба да ги постави динамиката на активности,
временските рамки, финансиските параметри и очекуваните резултати од
Проектот.

OhridNews