Иако од Реал се залагаа финалето да се игра во Барселона, за да можат на
стадионот на најлутиот спортски ривал да го прослават можното
освојување на трофејот, на крајот се согласиле градското дерби да се
одигра во Мадрид.
Сојузот го увери Атлетико дека е најдобро мечот да се игра на Сантијаго
Бернабеу, бидејќи собира повеќе гледачи од Винсенте Калдерон. Мечот се игра во петок, а не во сабота, за да не се поклопат термините со Евровизија.