Воска пред своите гледачи ја совлада Брегалница со 2:0 во рамки на шестото коло од Првата лига.

Дербито на колоторамки на 6. коло меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово заврши без голови, додека Вардар ја забележа првата победа оваа сезона, совладувајќи го градскиот ривал Македонија Ѓорче Петров.

Во преостанатите тдва натпревари од денешната програма, Силекс со играч помалку триумфираше на гостински терен против Гостивар, додека Брера Струмица и Работнички ги поделија бодовите.

Прволигашкото шесто коло ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот меѓу актуелниот шампион Струга и Тиквеш.

Резултати, 6. коло:

Брера Струмица – Работнички 0-0

Гостивар – Силекс 1-2

Шкендија – Шкупи 0-0

Вардар – Македонија Ѓорче Петров 2-1

Воска – Брегалница 2-0.

Табела: Шкендија 13, Брера Струмица 13, Силекс 9, Шкупи 9, Брегалница 9, Тиквеш 7, Воска 7, Работнички 7, Македонија ЃП 5, Вардар 4, Струга 3, Гостивар 3.

OhridNews