Тиквеш и Скопје ќе играат и во следната сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираа во бараж пресметките против Воска и Беласица.

Пласман во ПМФЛ претходно обезбедија Силекс и Победа како првопласирани во западната и источната второлигашка конференција, додека од ПМФЛ испаднаа Борец и Пелистер.
Новиот првак Шкупи ќе игра во квалификациите за пласман во Лигата на шампиони, додека Шкендија, Академија Пандев и освојувачот на купот Македонија ЃП ќе настапат во квалификациите за Конференциската лига.
OhridNews











