Фестивалот „Канеофест“ ќе го има своето 16-то издание, и оваа година во организација на Телевизија Морис.

Фестивалот ќе се одржи во недела, 2-ри јули, за прв пат на локација во центарот на градот, односно на градското пристаниште, во близина на споменикот „Фаќач на крст“ и  ќе биде отворен за сите посетители.

Фестивалот е од натпреварувачки карактер. Ќе бидат изведени повеќе од 30 новокомпонирани македонски забавни и народни мелодии, а најдобрите ќе ги одбере стручното жири но и присутната публика.

„КанеоФест“ 2017 е поддржан од Општина Охрид.

OhridNews