Пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев, вечерва, по 32 пат ќе се одржи манифестацијата „Охридски староградски средби“.

Манифестацијата почнува во 19 часот, а ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ Охрид, КУД „Пере Тошев“ Прилеп, Градски хор „2019“ Штип, КУД „Никола Бадев“ Кавадарци, Тамбурашки оркестар „Серенада“ Тетово, КУД „Илинден“ Струга и „Распеани гевгеличани“ Гевгелија.

Манифестацијата ќе се одржи со почитување на мерките за заштита од Ковид 19.

OhridNews