По бранот гости изминатиот викенд дезинфекција на улици, јавни површини и станбени комплекси во Охрид
08.06.20 07:00
Изминатиот продолжен празничен викенд, за време на кој на сила беше и полициски час, на Охридското крајбрежје, по слободна проценка, престојуваа над 5000 гости од земјата. Во најголем дел тие беа сместени во сопствени станови и вили, а дел и покрај забраната која е на сила биле затекнати во регистрирани сместувачки капацитети, чии сопственици заработија кривични пријави од Пазарната инспекција.
По наредба на Кризниот штаб на Општина Охрид, по завршувањето на продолжениот викенд се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.
Исто така донесена е и одлука за зголемување на подготвеноста на капацитети на здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.
Во периодот од 30 мај – 7 јуни во Општина Охрид дијагностицирани се 9 случаи на Ковид 19. Според податоците на Центарот за јавно здравје во Охрид има 2 пациенти на домашно лекување и 3 хоспитализирани.
Прес конференција на тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и средниот бек Тилен Стрмљан, пред натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага, што ќе се одигра утре вечер (сабота), во салата “...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во вечерва со почеток во 20 часот Во оваа социјална ко...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.