По ден пауза, вечерва продолжуваат натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.
На програмата се три средби од групната фаза. Први на теренот, од 20:30 часот, ќе излезат екипите на Оровник и Дебрца Експрес во рамки на Групата Г. Еден час подоцна, во Групата Е, ќе се сретнат Гранит Х и Кибо Пласт, додека вечерната програма ќе ја заокружи дуелот од Групата В меѓу Томе Електрик и Кафе Бар Коко.
Г.М.










