По дводневна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“.
На програмата на се четири средби, а фудбалската вечер ќе ја отворат Инекс Олгица Хотел и Спа и Македонија, со почеток во 20 часот.
Само еден час подоцна, екипата на Инекс Олгица ќе го одигра и вториот натпревар вечерва, против Кибо Пласт. Во преостанатите две средби ќе се сретнат Аце Најдески и Милама-Дим, односно Етно ресторан Дедо Димо и Дуелма.
Распоред – 20 јули
20:00 Инекс Олгица Хотел и Спа – Македонија
21:00 Инекс Олгица Хотел и Спа – Кибо Пласт
22:00 Аце Најдески – Милама-Дим
23:00 Етно ресторан Дедо Димо – Дуелма
OhridNews














