Викендов на потегот околу каналот кај Билјанини извори украдени се три корпи за отпадоци.

– Интенција на Комуналец е подигнување на нивото на одржување на хигиената на територијата на Општина Охрид и за таа цел корпи за отпадоци со најлон кеси се поставени како во централното подрачје, така и на периферните сообраќајници. Затоа ваквите девијантни и деструктивни појави мора да се спречат, а против сторителите да се превземат соодветни санкции.-велат од јавното комунално претпријатие.

На мета на крадците викендов беа и канделабрите на градското шеталиште. Од паркот на кејот непознати сторители успеаа незабележано да украдат 7 месингани канделабри.

Покрај овие се случија и повеќе кражби во верски и деловни објекти.

OhridNews