Охридскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски, заедно со својот колега Иван Кирков од Бугарија имаа два извонредни настапи во престижниот клуб „Студио 5“ во Софија. Тие настапија на 17 и на 20 јули, еднаш на Англиски јазик за мешана публика и еднаш на Бугарски јазик за домашната, софиска публика.

-Со оглед на тоа дека жанрот стендап комедија е исто така нов во Бугарија, а софиската публика има доста изострен театарски и воопшто сценски вкус атмосферата беше прекрасна и настапите поминаа одлично.-вели НиколаТодороски.


Никола Тодороски

Како дел од соработката помеѓу двајцата комичари од Македонија и Бугарија, на 23ти јули ќе следи настап во охридскиот клуб „Jazz Inn“од 21 часот. Билетите за овој настан веќе се во продажба во Мјузик шоп „ЗЗ ТОП“. На 24 ти јули двајцата комичари ке настапат во Интимен театар во Битола исто така од 21 часот.


Бугарскиот стендап комичар Иван Кирков наскоро гостува во Охрид и Битола

 

На претстојните шоуа, гостинот од Бугарија ќе возврати со настап на Македонски јазик.

OhridNews