Во основниот суд во Охрид вчера се одржа завршното рочиште во повторениот судски процес за случајот „Лизгалиште“, во кој секретарот на општина Охрид Димитар Спасески го тужи за клевета советникот Дејан Блажески за изнесените ставови на прес конференција на која тој изрази сомневање за нерегуларности при поставување на лизагалиштето во центарот на Охрид пред три години.

Претходно Апелацискиот суд во Битола ја поништи донесената пресуда по тужбата за навреда и клевета поднесена од секретарот на општината. Спасески бараше 300.000 денари отштета, а судот на Блажески му изрече глоба од 20.000 денари. Тој ја обжали одлуката пред апелација, која истата ја поништи и предметот го врати на повторно разгледување во основниот суд.

Според најавите пресудата ќе биде соопштена по велигденските празници.

OhridNews