По силниот земјотрес што се случи во 13.08 часот со јачина од 5 степени, регистрирани се уште неколку потреси со послаб интензитет.
Во 13.47 часот со јачина од 2.8 степени на 10 километри од Ресен. Следниот бил во 13.54 часот со јачина од 2.6 степени со епицентар на 5 километри оддалеченост од Косел.
Десеттина минути подоцна, во 14.08 часот регистриран е земјотрес со јачина од 3 степени и во 14.31 часот потрес од 2.8 степени со епицентар на 6 километри од Косел.
OhridNews












