Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Охрид ќе преовладува претежно сончево време. Минималната температура е нешто над нулата, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.

OhridNews