Најдобрата скијачка Тина Мазе го освои златниот медал во “Супер џи“ конкуренцијата на првиот ден од Светстко првенство во Шладминг, Австрија. Но, победата на Мазе остана во сенка по страотниот пад на Американката, Линдзи Вон која заврши со двојна фрактура на десната нога.

Според лекарскиот тим од Америка, Вон од скијачките терени ќе отсуствува најмалку една година, а кариерата на 28 годишната скијачка и доведена под знак прашалник.

Мх.П.