Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска, одржа работна средба со постојните и заинтересираните закупци на плажи на охридското крајбрежје на која се разговараше за текот на постапките околу закуп на плажите во пресрет на летната туристичка сезона. Присутните беа информирани дека согласно одлуката на градскиот Совет, почетната цена за издавање под закуп за метар квадратен ќе биде 90 денари.
Цената се однесува за плажите во централното градско подрачје и првата зона, а наддавањето ќе биде по електронски пат и се очекува да се реализира наредниве денови. За плажите кои нема да бидат дадени под закуп во првиот круг, ќе има второ и трето наддавање. Закупот е за период од 5 години.
Денешната беше трета по ред работна средба на градоначалникот Јован Стојаноски со закупците на охридските плажи пред почетокот на летната туристичка сезона. Во насока на побрзо решавање на проблемите со кои тие се соочуваат, градоначалникот најави идни вакви средби.
OhridNews











