Во рамките на проектот “Клуб на пријатели на младите” Младински Совет Охрид подготви три младински програми за 2008 година кои ќе се реализираат во партнерство со локалниот бизнис сектор, но покрај тоа предвидено е и организирање на специјални настани за промоција на програмите. Целта на овие специјални настани е и запознавање на пошироката јавност и младите во Охрид со програмите и нивно вклучување во истите.

 Еден од тие специјални настани е и кампањата “Следи го сонцето“ која започнува да се реализира од денеска. Во првата фаза ќе бидат вклучени учениците од 1 до 4 одделение кои ќе изработат производи со новогодишна тематика, а  исто така подготвен е и соодветен промотивен  материјал.

Во рамки на кампањата ќе се одржат 5 хепенинзи, а на градскиот плоштад во периодот од 15.12.2007 – 15.01.2008 година  ќе биде поставена донаторска куќичка. Средствата што ќе се соберат од кампањата „Следи го сонцето“ ќе се употребат во реализација на програмата на Младинскиот совет во наредната година.

ohridnews