Натпреварите и возбудувањата во Новата 2020 година во англиската Премиер лига имаа спекткуларен почеток,  откако фудбалерот на Брајтон Алиреза Џаханбаш постигна погодок за ножички во ремито со Челси 1-1.

„Сините“, имаа водство од 10-та минута кога капитенот Цезар Аспликуета го отвори резултатот. Брајтон во текот на целиот натпревар притискиша и „бараше“ изедначувачки погодок. Наградата за храбрата игра стигна во 85-та минута. Џаханбаш се вивна високо и со ножички ја удри топката која директно падна позади линијата од голот на Челси.

Во вториот натпревар кој играше во исто време Астон Вила со 2-1 го совлада Барнли и освои три драгоцени бодови во трката за опстанок. Мечевите во Премиер лигата продолжуваат во 16 часот, а натпревар има во 18:30 и во 21 часот кога ќе се одигра дербито во Лондон помеѓу Арсенал – Манчестер Јунајтед.

OhridNews