Легендарниот југословенски скијач Борис Стрел почина на 53-годишна возраст, соопшти словенечката полиција, пренесува „Макфакс“. Стрел бил пронајден мртов, а полицијата наведува дека смртта не била насилна.
Борис Стрел во 1977 година во Крањска Гора стана европски јуниорски првак во велеслалом, а четири години подоцна во Кортина Д’Ампецо, во истата дисциплина, ја забележа првата победа во Светскиот куп.
На Светското првенство во Шладминг во 1982 година го освои бронзениот медал, што беше прв медал во историјата на југословенското скијање.
На Олимписките игри во Сараево во 1984 година, во велеслалом, го освои петтото место.
извор:„Макфакс“