Во 50-та година од животот, почина директорката на Основното училиште “Живко Чинго” во Велгошти, Љубица Ангелоска Кркачоска.

Поради смртта на Ангелоска Кркачоска, организаторите на турнирот во мал фудбал во Велгошти ги откажаа натпреварите закажани за вечерва.

❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ❗️

Почитувани учесници и посетители,

Ве известуваме дека денешните натпревари од турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2026” се одложуваат поради смртен случај.

Изразуваме искрено сочувство до семејството и најблиските на починатиот.

За новиот термин на одигрување на натпреварите ќе бидете навремено известени.

Натпреварите продолжуваат од понеделник, 20.07.2026.

Ви благодариме за разбирањето.

Погребот на Љубица Ангелоска Кркачоска ќе се одржи во недела во 12 часот во црквата Св. Климент во Велгошти.

OhridNews