Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации – ОН, Кофи Анан, почина на возраст од 80 години, соопшија ОН.

Анан кој е роден во Гана во 1938 година, беше на чело на ОН од 1997 до 2006 година.

Тој беше член и на групата лобисти „The Elders“ која работеше на унапредување на човековите права, и беше на нејзино чело од нејзиното формирање во 2007 до до 2013 година.

Кофи Анан беше оженет и татко на три деца.

OhridNews