Коосновачот на Микрософт Пол Ален, почина синоќа на 65 годишна возраст од компликации предизвикани од нонходкинов лимфом, вид рак, објави неговото семејство. За прв пат тој се разболел на почетокот од 80-те, а интензивно се лекуваше од рак од 2009 година.

Пол Ален е човекот кој го наговорил неговиот школски другар Бил Гејтс да го напушти Харвард и да ја основаат најголемата софтверска компанија во светот.

Ален го напушти Микрософт по караница со Гејтс во 1983 година, пред компанијата да прерасне во глобален економски џин. Благодарение на партнерскиот договор на почетокот тој имаше можност да ужива во милијардите до крајот на животот кои ги трошеше да ужива во уметност, рок музика,  јахти, а вложуваше во спортот (Портланд трелблејзерс – НБА, Сиетл Сихокс – НФЛ) и во недвижнини. Беше голем филантроп, кој во текот на животот подарил повеќе од 1,5 милијарди долари.

OhridNews