Арета Френклин, некрунисаната кралица на соулот, и еден од најдобрите светски вокали, почина на 76 годишна возраст во својот дом во Детроит, САД, опкружена од семејството и пријателите. Веста за смртта на Френклин ја пренесе Асошиејтед прес.

Здравствената состојба на Арета Френклин која подолго време се бореше со сериозни болести, се влоши изминатите неколку денови. Таа кратко време беше хоспитализирана, а почина во својот дом.

Зад себе остави голем број хитови и имаше блескава музичка кариера. Има освоено 18 Греми награди и продадено 75 милиони албуми ширум планетата. Член е на куќата на славните рок едн рол легенди, а 112 синглови на билборд листите ја прават еден од најзначајните и највлијателни женски изведувачи историјата на музиката.

OhridNews