Александар Самарџиев кој вчера беше претепан од членови на Златна Зора во Солун, им подлегна на повредите пред помалку од два часа, јавува „Македонска нација“, пренесува порталот „Курир“.
Студентот, како што се наведува во информацијата, која се уште не е официјално потврдена, бил претепан со закана да си го промени презимето.Македонецот при нападот се здобил со тешки повреди. Крвнички го претепале претставници на неофашистичката грчка партија.
Закани по живот од Златна Зора добиле и други членови на семејството.
Информацијата за трагичната смрт ја соопштил братот на Александар, кој во моментов е во бегство и се плаши за својот живот.
Инаку Стилјан Самарџиев, братучедот на Александар кој вчера јави за инцидентот, во август годинава на двапати бил приведен од грчката полиција и држен во затвор по неколку дена поради неговите активности и борба за македонската кауза во Грција. Првиот пат бил приведен поради поставување на македонското знаме пред полицијата во Солун, а вториот пат поради најава на социјалните мрежи дека македонското знаме ќе го истакне за време на антимакедонски собир во Солун.
Информацијата за смртта на македонскиот студент во Грција засега не е потврдена од ниту една официјална институција во Грција и Македонија.
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска извши увид во изградбата на автопатот Охрид-Кичево На својот фејсбук профил објави дека автопатот се гради со ...
Во селото Оровник во општина Дебрца во тек се градежни активности за реконструкција на главната улица, со кои се предвидува подобрување на патната и комуналната инфраструктура Проектот опфаќа целос...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.