Почина малата Тамара од Велес, девојчето кое имаше искривен ‘рбет и чекаше државата да и одобри операција во странство, јавува Телеграф, пренесува „Макфакс“. 

Девојчето било однесено во болницата утрово околу 6 часот без знаци на живот.

Нејзините родители со месеци талкаа низ административните лавиринти на македонското здравство, молејќи да одобри операција во странство на државна сметка. Првата операција беше извршена во Македонија пред две години, а втората требаше да биде извршена во Турција, но малата Тамара не издржа.

OhridNews