Во Скопје денес почина познатиот новинар и радио водител Стојан Тренчевски, основач и Претседател на граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.

Неговото име е синоним на новинар и радио водител кој целиот свој работен век го посветил на следење на историските настани и личности од денешницата. Меѓудругото, го следеше ликот и делото на Мајка Тереза, соработуваше со Тоше Проески, а остави печат  по преносот што на Македонско радио го изврши на денот на осамостојувањето на Македонија. Зад него се 20-тина книги, стотици радио репоражи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори.

На негова иницијатива, се оствари и неговата идеја и желбата  да се изгради спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје, како и желбата да се изгради храм на Тоше во родното Крушево.

OhridNews