Монсерат Кабаље, оперска дива и еден од најпознатите сопрани во историјата на музиката, почина во 85 година од животот во нејзиниот роден град Барселона, како последица од хронична болест на жолчното кесе.

Кабаље стана планетарно позната по песната „Барселона“ што ја испеа заедно со пејачот на Квин, исто така покојниот Фреди Меркјури, која беше изведена на отворањето летните Олимписки игри во 1992 во  каталонската престолнина Барселона.

OhridNews