По долго и тешко боледување, во 61-година од живот почина Мари Фредриксон, пејачката од славната шведска група „Роксет“, на која пред 17 години и беше дијагностициран тумор во мозокот.

Во 1986-та година беше една од основачите на групата Роксет и заедно со нејзиниот придружник Пер Гесле, во 90-тите години достигнаа огромна слава и успех. Популарните хитови, „Мора да беше љубов“, (it must have been love) „Џојрајд“, „Слушни го своето срце“ (listen to your heart) се слушаат и денес.

OhridNews