По долго и тешко боледување, денеска во Скопје почина познатата пијанистка со интернационална кариера Елена Мисиркова-Лоза, правнука на Крсте Петков Мисирков.

Мисиркова средно музичко училиште завршила во Скопје, а диплoмира и постдипломски студии завршува на Државната музичка академија „Гнесини“ во Москва, Русија.  Специјализирала на Виенскиот конзерваториум во Виена кај професорот Леонид Брумберг.

Добитник е на бројни награди и признанија во земјава, регионот и светот, меѓу кои и на наградата за исклучителни уметници на Фондацијата „Хуго Брајтнер“.

Елена Мисиркова беше културен амбасадор на Македонија во Австрија и национален уметник. Има одржано голем број солистички концерти, a настапувала и на фестивалот „Охридско лето“.

OhridNews