Поранешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Жак Рог, почина на 79-годишна возраст, соопшти денеска МОК.

Целото олимписко движење е во длабока жалост поради загубата на голем пријател и страстен љубител на спортот. Прво и најважно, Жак беше вљубеник во спорот и беше со спортистите, пренесувајќи ја својата страст кон спорот на сите што го познаваа. Неговата радост во спорот беше заразна. Тој беше успешен претседател, кој помагна во модернизација и трансформација на МОК, изјави претседателот на МОК, Томас Бах, кој го наследи Рог на должноста во 2013 година.
OhridNews










