Во 60-та година од животот, ненадејно почина Јоне Николоски – Шпана, познат угостител и урбан лик кој остави забележителна трага во забавниот живот во Охрид, регионот и пошироко.

Јоне Шпана, како што и беше познат на пошироката јавност, беше сопственик на култниот кафе бар „Леб и Сол“ во центарот на Охрид кој до денес остана во сеќавањата на бројни охриѓани по незаборавните забави, денски и ноќни журки, свирките со Дуле и Коки кои токму таму ги почнаа првите покрупни чекори на македонската естрада.
Последните години Јоне Шпана живееше во Скопје каде исто така водеше угостителски бизнис.
Замина ненадејно, оставајќи ги во неверување блиските, пријателите, угостителската фела и генерациите кои растеа и се забавуваа во „Леб и Сол“ на Јоне Шпана каде деновите се претвораа во ноќ и обратно.
Г.М.













