Утрово, на 81-годишна возраст, почина македонскиот театарски режисер Љубиша Георгиевски.

Георгиевски е роден во Битола, во 1937 година, а долго време беше и во политиката, меѓу другото и како претседателски кандидат во 1994 година, амбасадор во Бугарија и претседател на Собранието од 2006-2008-ма година.

Георгиевски како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговин, Бугарија, Романија, Полска…Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма.

Георгиевски добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сѐ уште се на репертоарот.

Веста за смртта на Георгиевски на социјалните мрежи ја објави актерот и поранешен директор на Драмски, Роберт Вељановски.

OhridNews