Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град.

И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.
OhridNews









