Уште една жртва од сообраќајна несреќа што се случи вчера во Германија, во која животот го изгуби пејачот Шабан Шаулиќ. Во болница на здобиените повреди им подлегна и клавијатуристот Мирсад Кериќ, кој се наоѓаше во автомобилот што се судри. Мирсад имал повреди на мозокот, кои биле фатални за неговиот живот.

Двајцата ги загубија животите во сообраќајна несреќа што се случи во Германија, во која пијан возач удри во возилото во кое се наоѓаа пејачот и клавијатуристот. Несреќата се случи на автопат помеѓу Билефелд и Дортмунд.

OhridNews

Во сообраќајна незгода загина српскиот пејач Шабан Шаулиќ