Според информациите на српски „Блиц“, утрово, во сообраќајна незгода што се случила во Германија загинал српскиот пејач Шабан Шаулиќ.

Според првичните информации, несреќата се случила во градот Билефелд, во северозападниот дел на Германија. Како што пренесува српскиот медиум, до сообраќајката дошло по концертот на Шаулиќ во Билефелд. Пејачот веднаш бил пренесен во болница, каде што, и покрај напорите на лекарите, им подлегал на повредите.