Во последните 24 часа регистрирани се нови 870 случаи на Ковид-19 од направени 5.844 тестирања. Починати се 37 пациенти, а најмладиот има 22 години.
Најголем број од новозаболените се од Скопје – 368. Во Тетово се регистрирани нови 78, а во Гостивар и Куманово по 53. Во Кичево има нови 40 случаи, во Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен – 13, Свети Николе – 12, Велес и Радовиш – по 11, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Хисар – 1.

Сите се починати во болнички услови.
Оздравени се 661 пациент.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава досега изнесува 176.494. Оздравени се 156.307 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.938. Бројот на активни случаи е1 4.249, од кои 451 во Охрид и 534 во Струга.
OhridNews











