Полека се комплетираат екипите кои ќе обезбедат пласман во завршницата од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Натпреварите од последното коло по групи ќе ги решат сите дилеми.

Вечерва на програмата беа четири средби, а две завршија на “зелена маса”.

Резултати 25.07.2025, петок

Кибо Пласт – Македонија 5:0
Аце Најдески – Бурекџилница Гока 3:0 (службено)
Стоматолошки центар Др. Баткоски – Ресорт Бате Боле 4:1
Гранит Х – Дооел Ноче 3:0 (службено)

Турнирот продолжува во сабота со три средби од фазата по групи.

Распоред на натпревари 26.07.2025, сабота

20:00ч Топлина – Гостилница Кај Мече
21:00ч Мартиник мебел – Ад Галеб
23:00ч Хотел Тино – Фк Куршум Лакочереј

Г.М.