Министерството за финансии и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување информираат дека корисниците на пензија од денеска ќе можат да ги подигнат мајските пензии.
Од фондот соопштуваат дека во текот на денот биле префрлени 2 милијарди и 793 милиони денари за исплата на мајските пензии на 272.462 корисници.












