Oд полноќ и официјално стартува кампањата за локалните избори која ќе трае до 13-ти октомври.

Кандидатите за градоначалници на Охрид Јован Стојаноски (СДСМ), Митко Тилевски (ВМРОД ДПМНЕ) и Стевче Стевовски (независен), вчера потпишаа Кодекс за одржување слободни и демократски избори, преку кој се обврзуваа дека ќе ја почитуваат законската регулатива за време на изборите и на денот на гласањето. Со Кодексот се предвидува политичките партии да не вршат притисок врз вработените во јавната и државната администрација и останатите институции финансирани од буџетот на државата. 

Од Општинската изборна комисија велат дека ги направиле сите потребни подготовки за спроведување на овој изборен циклус.

На локалните избори во Охрид кои ќе се одржат на 15 октомври ќе учествуваат 3 политички партии и коалиции, како и еден независен кандидат и една независна листа на советници.

OhridNews