Првото издание на охридскиот „Џез фестивал“ започна синоќа со настап на еден од најдобрите балкански и европски џез  бендови, Васил Хаџиманов бенд,  на плажата „Куба Либре“.


– Mногубројната домашна и странска публика беше сведок на една феноменална изведба. Поуспешно отварање на првиот џез фестивал во Охрид и не можеше да се случи, а за тоа да биде така се погрижи бендот на Васил Хаџиманов, кој со својот препознатлив фанк/фјужн стил, низ енергични импровизациски солажи едноставно не и даде здив на публиката.- е оценка на организаторите.


На вториот фестивалски ден, ќе настапи квартетот на Костас Теодороу од Грција, кој со својот етно/џез стил ке се обиде да ги отвори срцата на македонската публика. Самиот Костас изјавува дека овој концерт во најубавиот град во нашата држава му значи многу, со оглед дека е од македонско потекло и добро го зборува македонскиот јазик.

И овој концерт, исто така, ќе се одржи на плажата „Куба Либре“ со почеток во 22 часот.

Охридскиот Џез фестивал завршува на 24-ти август.

OhridNews