Од денеска, 12 март, започнува со работа Канцеларијата за средба со граѓаните на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Кирил Пецаков и Лидија Петкоска.

Канцеларијата се наоѓа во стариот објект на Градскиот пазар и ќе биде отворена за граѓаните пет дена во неделата.

Тука ќе може да ги чуеме идеите и размислувањта на охриѓани за подобрување на состојбите во општеството. – рече пратеникот Пецаков.

Идеите и предлозите на граѓаните пратениците ќе ги преточуваат во амандмани и предлог закони во Собранието.

Со вашите барања, предлози и идеи ние ќе бидеме подобри пратеници, а истовремено нема да дозволуваме законските решенија да доцнат или да се движиме во непосакуван правец. – додаде пратеничката Петкоска.

OhridNews