Во Виена денеска продолжуваат разговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Средбата се одржува во канцелариите на ОН во Виена. Засега нема информации до кога ќе трае средбата и дали по средбата ќе има изјави за медиумите. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува напредок во преговорите меѓу двете земји.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос рече дека Атина направила отстапки во преговорите и дека сега е време и Скопје да ги направи неопходните чекори за постигнување договор. Грција има два услови: прво сложено име и второ важење на името ерга омнес, нешто за што предуслов е модификација на уставното име на соседот. Грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба како клучна.

OhridNews
Макфакс